• недела, 24 ноември 2024

Битиќи од Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8 мај заеднички одлучуваме за победникот

Битиќи од Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8 мај заеднички одлучуваме за победникот

Скопје, 27 април 2024

„Резултатот  е нула-нула, сè уште немаме победник или поразен. Нашата битка за европска Македонија не е завршена. Нашата држава е мала земја, но влогот на 8-ми мај е голем“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Бутел, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека е опасен патот по кој ВМРО-ДПМНЕ сака да ја води државата, а тоа е кон изолација, кон унгарско сценарио, кон национализми кои разделуваат.
„СДСМ одбива да се движи кон овој правец. Ние имаме програма и визија за  европска држава во која владеат дијалогот, инклузивноста, меѓусебното другарство и социјалната правда“, рече Битиќи.

Тој ги потсети граѓаните на 27 април пред седум години, кога се случи упадот во Собранието и обидот за рушење на уставниот поредок по покровителство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободата која ја добивме по крвавиот 27 април пред седум години, не е луксуз, тоа е можност која ни даде сила да се движиме напред, да стане полноправни членки на НАТО, да ги отвориме портите на Европската Унија. Сега не смееме да дозволиме на 8-ми мај таа да биде украдена, однесена од виорот на национализмот и поделбите. Мораме да продолжиме да го чуваме овој скапоцен подарок кој го добивме во борбата против режимот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој е темелот врз кој се гради праведно и правично општество, “ порача Битиќи.

Фатмир Битиќи

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан