• вторник, 20 февруари 2024

Две години МТЕЛ на македонскиот пазар, две години иновации и задоволни корисници

Две години МТЕЛ на македонскиот пазар, две години иновации и задоволни корисници

МТЕЛ, член на групацијата Телеком Србија, одбележува две години од својот официјален влез на македонскиот пазар. Од својот почеток на 16 ноември 2021 година, МТЕЛ постојано обезбедува уникатно дигитално искуство за своите корисници во областа на телекомуникациите. На почетокот, МТЕЛ го отвори својот прв продажен салон и брзо постигна успех на македонскиот пазар со понуда на атрактивни пакети за сателитската телевизија mSAT TV. Една година подоцна, МТЕЛ направи значителен чекор станувајќи трет мобилен оператор во Македонија, нудејќи разновидна палета на припејд и постпејд пакети, прецизно приспособени да ги задоволат желбите и потребите на македонските корисници. Посветеноста на МТЕЛ за иновации продолжи со лансирањето на MOVE TV, револуционерната стриминг-платформа на Телеком Србија. Имено, промоцијата на платформата започна во Македонија, со планови за проширување на нејзината достапност и на други пазари каде што групацијата Телеком Србија има деловно присуство. За досегашните резултати и успеси на компанијата, генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ, изрази гордост и задоволство. „Задоволни сме од нашите достигнувања на македонскиот пазар. МТЕЛ има за цел да им обезбеди на корисниците навистина препознатливо искуство, особено во доменот на висококвалитетна дигитална содржина, што нè издвојува од конкуренцијата. Особено сме задоволни од резултатите со нашиот последен производ, стриминг-платформата MOVE TV. Благодарение на врвната содржина на платформата, револуционерните функционалности и атрактивните пакети, само две недели по лансирањето имаме близу 500 корисници. Вкупно, до овој момент може да се пофалиме со повеќе од 36 илјади активни корисници, од кои 20 илјади се во делот на мобилната телефонија“, вели генералниот директор Лопичиќ. Гледајќи напред, МТЕЛ, како дел од групацијата Телеком Србија, има амбициозни планови за македонскиот пазар, вклучувајќи воведување иновативни услуги и дигитални решенија, нови инвестиции во вкупна вредност од 50 милиони евра и значително проширување на тимот. „Уверени сме дека придржувајќи се до нашите стратешки деловни планови и обезбедувајќи висококвалитетни услуги, ќе ја реализираме нашата првична цел – да станеме водечки телекомуникациски оператор во Македонија“, вели генералниот директор Лопичиќ. Покрај одличната понуда на услуги со врвен квалитет, со динамичен тим составен од искусни професионалци и амбициозни млади таленти, МТЕЛ најде победничка формула за постигнување одлични деловни резултати, континуиран раст и проширена база на корисници.

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан