• петок, 22 ноември 2024

Вендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга, Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“

Вендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга, Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“

Ворамкина платформата "НашаГордост. Нашаодговорност.", култниот македонски бренд на Пивара Скопје -СКОПСКО,ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад.Оваа иницијативагиобединуванапоритезаопштественоодговорноделување и заштита на животнатасрединаи во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.

Како компанија која постојано го следи фидбекот на своите потрошувачи, оваа инвестиција е директно инспирирана од барањата на жителите на Охрид и Струга. За првпат, овие два града ќе добијат вендинг машини од ваков тип, кои ќе придонесат за зголемување на еколошката свест и одговорност меѓу граѓаните.

„Оваа иницијатива е огледало на нашата одлучност да придонесеме кон одржлив развој и да ги поддржиме локалните заедници. Платформата„Наша Гордост. Наша одговорност.“ е основа на нашите напори да ги интегрираме принципите на одржливост во секојдневието, и сме уверени дека оваа, како и сите претходни иницијативи, ќе донесат позитивни промени во општеството,“ вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

"Какокомпанијакоја работеше на развивање и обезбедување на овие повратни вендинг машини, горди смештопридонесувамеконзначајнотопроширување на инфраструктураза селектирање отпад воМакедонија. Нашатамисија е дасоздадемеусловизапоефикасно и одржливоуправувањесоотпадот, и овиевендинг машини за селектирање отпадсечекорнапредконтоа,"вели ИкоБрдароски, кој што е дел од менаџментот на компанијата Пакомак.

Оваа инвестиција е дел од кампањата за продажба на специјално обележаните шишиња СКОПСКО и СКОПСКО Smooth, преку која за секое продадено шише, 1 денар беше наменет за организирање на неколку акции и инвестиции во опрема за чистење, собирање и селектирање отпад и зачувување на животната средина и македонските знаменитости.

Кон инвестицијата се приклучи и КАМ маркет кој обезбеди простор во своите маркети за поставување на вендинг машините за селектирање отпад.

Како компанија ориентирана  кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.

Вендинг машините за селектирање отпад може да ги најдете на следните локации:

Охрид  

Маркет ТАМАРО на ул. АСНОМ бр. 21        

Т.Ц.КамВилиџ -КамМаркет    7 Ноемврибр 179 Охрид

Струга

ГенцДуамол - Каммаркет Р1201   Струга

МисаМаркетЕлпидаКараманди-ЦветанДимов(поранешенТинекс) Струга

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

 

Остани поврзан