• среда, 17 декември 2025

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Тетово, 18 јуни 2025 (МИА) - Двајца припадници на Армијата се повредни по пожар кој денеска околу 14 часот се случил во тетовската касарна, според првичнните информации од Територијалната противпожарна единица Тетово.

-Интервенирано е со седум пожарникари, со два камиони и едно теренско возило за специјални интервенции, по што пожарот е локализиран за половина час.  Двајцата повредени се обиделе да интервенираат, по што се однесени во Тетовската болница, информира Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово. ас/мд/

фото: ТППЕ Тетово 

Остани поврзан