• четврток, 26 март 2026

Амбасадорот на Шпанија во посета на Кочани

Амбасадорот на Шпанија во посета на Кочани

Кочани, 17 декември 2025 (МИА) - Амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортис, денеска ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

- На средбата беше разговарано за актуелната состојба во Кочани, предизвиците со кои се соочува градоначалникот по преземањето на функцијата, како и за состојбата во заедницата девет месеци по трагедијата во „Пулс“, се наведува во соопштението од Општината.

Градоначалникот Грозданов изразил благодарност за солидарноста и поддршката што Кралството Шпанија ја покажа во најтешките моменти, особено за згрижувањето и лекувањето на седум повредени лица од трагедијата, кои беа третирани во меѓународно признати шпански центри за лекување изгореници.

На средбата со градоначалникот Грозданов, амбасадорот Соријано Ортис ја истакнал подготвеноста на Шпанија за натамошна поддршка на Кочани, како во реализацијата на развојни проекти така и преку унапредување на соработката со стопанскиот сектор, се додава во соопштението. ис/паг/

Фото: Општина Кочани

 

Остани поврзан