• недела, 22 декември 2024

Двајца белгиски новинари повредени при израелски напад врз Бејрут  

Двајца белгиски новинари повредени при израелски напад врз Бејрут  

Брисел, 3 октомври 2024 (МИА) - Двајца белгиски новинари се ранети минатата ноќ при израелски напад врз објект во центарот на либанскиот град Бејрут, информира Министерството за надворешни работи на Белгија. 

Според медиумските извештаи, двајцата Белгијци биле повредени во раните утрински часови при напад врз објект на хуманитарната организација Центар за цивилна заштита, која е поврзана со либанската проирнска шиитска Божја партија (Хезболах) во централниот бејрутски кварт Башура. 

Либанското Министерство за здравство соопшти дека при нападот загинале шест лица, додека седум други се повредни. Белгиските медиуми, пак, јавуваат за седуммина загинати при нападот. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан