• сабота, 11 мај 2024

Грчки медиуми: Средба Зеленски-Мицотакис во Одеса

Грчки медиуми: Средба Зеленски-Мицотакис во Одеса

Атина, 6 март 2024 (МИА) – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од утрово е во неколкучасовна посета на Украина, каде што во Одеса ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Посетата не беше официјално најавена и засега, од кабинетот на грчкиот премиер не постои ниту потврда, ниту демнат дека Мицотакис е во Украина.

Грчкиот премиер денеска и утре ќе учествува на состанокот на Европската народна партија што се одржува во Букурешт и најверојатно во Романија ќе стигне од Украина, а не од Грција.

Во август минатата година украинскиот претседател беше во Атина на неформалната вечера што ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите на Западен Балкан и на земјите-членки на ЕУ од регионот.

Официјална Атина континуирано ја изразува поддршката за Украина, како во одбраната на нејзиниот територијален интегритет, така и за нејзината европска перспектива. ср/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан