• недела, 22 декември 2024

Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса

Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса

Одеса, 9 ноември 2024 (МИА) - Едно лице загина, а 13 се повредени, меѓу кои и две деца, во напад на руски дронови во текот на ноќта во Одеса, јужна Украина, соопшти регионалното обвинителство.

Обвинителството на каналот Телеграм соопшти дека руските сили во текот на ноќта извршиле масовен напад со беспилотни летала врз Одеса и нејзините предградија.

Нагласено е дека во нападот биле оштетени згради во два станбени комплекса, приватни куќи, магацини на приватна фирма и автомобили на граѓани, пренесе Укринформ.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан