• четврток, 04 јули 2024

Групата Џема Исламија ќе биде распуштена, тврдат нејзини високи лидери

Групата Џема Исламија ќе биде распуштена, тврдат нејзини високи лидери

Џакарта, 4 јули 2024 (МИА) – Високи членови на Џема Исламија, исламистичка група од Југоисточна Азија, која беше обвинета за смртоносните бомбашки напади на Бали пред две децении, денеска соопштија дека се распуштаат.

Институтот за политичка анализа на конфликти (IPAC) ја потврди автентичноста на видео изјавата од 30 јуни на шеснаесет лидери на Џема Исламија, во која тие објавија дека ја распуштаат екстремистичката мрежа.

Во видео-изјава објавена на интернет, водачите ја потврдуваат својата посветеност на индонезиската држава и право и велат дека образованието во интернатите поврзани со групата ќе биде во согласност со ортодоксниот ислам, јави БТА.

Милитантната група поврзана со Ал Каеда е обвинета за извршување на некои од најсмртоносните напади во Индонезија, вклучително и бомбашките напади во ноќните клубови на Бали во 2002 година, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.

Индонезиската Национална агенција за борба против тероризмот одби да го коментира развојот на настаните, но додаде дека планира наскоро да одржи прес-конференција. јт/

Остани поврзан