Грковска-Аксинте: Меѓусебната соработка и поддршката од земјите членки на ЕУ се клучни во градењето на ефикасен антикорупциски систем
- Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари работен состанок Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во земјава. На средбата, како што с
Скопје, 16 јануари 2023 (МИА) – Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари работен состанок Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во земјава.
На средбата, како што соопштија од кабинетот на Грковска, се разговарало за можноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија во областа на креирање на антикорупциски политики, имплементирање на принципите за добро владеење, како и споделување на корисни искуства од Романија во процесот на пристапување кон Европската Унија.
На состанокот била истакната определбата на Владата за што поскоро започнување на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, и било потенцирано дека тие се многу важни за остварување на бенефитите на сите граѓани во земјата.
Вицепремиерката Грковска се заблагодарила за пријателството и поддршката што Романија и ги дава на нашата држава и, во тој контекст, информирала дека Кабинетот за политики за добро владеење е фокусиран на неколку проекти поврзани со зајакнување на антикорупциските политики и интегритет кои ќе се реализираат во наредниот период.
Амбасадорката Аксинте на средбата посочила дека нашата земја може да очекува експертска поддршка од Република Романија, во периодот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ. сст/са/