• понеделник, 06 мај 2024

Градоначалниците на Делчево и Берово, Трајковски и Пекевски ги посетија дежурните служби за новогодишната ноќ

Градоначалниците на Делчево и Берово, Трајковски и Пекевски ги посетија дежурните служби за новогодишната ноќ

Делчево/Берово, 1 јануари 2023 (МИА) - Градоначалниците на Делчево и Берово Горан Трајковски и Звонко Пекевски пред почетокот на новата година ги посетија дежурните служби кои за време на новогодишната ноќ се грижеа за безбедноста на граѓаните. 

Во знак на благодарност и за нивниот посебен придонес за зачувување на здравјето, безбедноста и имотот на граѓаните, Трајковски им додели подароци за подобри услови за работа.

-Посетата ја искористивме, за да се запознаеме со нивните обврски, предизвици и со условите во кои работат. Им посакав да имаат мирна новогодишна ноќ, а наредната 2024, да им донесе лична среќна, многу здравје и бериќет и успех на професионален план, рече Трајковски.

Новогодишната ноќ во Берово, како што истакна Пекевски, беше работна за повеќе служби.

-Новогосишната ноќ ја искористивме за да ги посетиме Итната медицинска служба,  полициските службеници од  ОВР- Берово,  пожарникарите во ТППЕ Берово,  вработени во ОЈУСЗСЛ ,,др."Иван Влашки", дежурната служба на филтер станицата и дежурната служба на пречистителната станица. Поразговаравме за годината што ја испративме, за сето она по што ќе ја паметиме и  за состојбите на локално ниво, изјави Пекевски и на сите им посака мирна новогодишна ноќ, како и здравје, среќа и професионални успеси во новата година. вс/мч/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан