• среда, 15 мај 2024

Градоначалникот на грчката општина Пеонија во посета на Општина Гевгелија

Градоначалникот на грчката општина Пеонија во посета на Општина Гевгелија

Гевгелија, 23 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Пеонија, Грција, Константинос Сионидис, денеска ја посети Гевгелија и се сретна со градоначалникот Андон Сарамандов, информираа од Општината.

На средбата градоначалникот Сарамандов го изразил своето задоволство од долгогодишната соработка помеѓу двете погранични општинии и притоа изразил уверување дека успешната соработка и реализација на заедничките проекти ќе продолжи и понатаму.

Како што соопштија од гевгелиската локална самоуправа, од страна на градоначалникот на Пеонија, Константинос Сионидис, била потврдена заложбата за натамошно продолжување и унапредување на соработката меѓу двете општини.

На средбата се разговарало и за заедничкото аплицирање на двете општини на објавениот повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан