• понеделник, 25 ноември 2024

Започна реконструкцијата на локалниот пат во село Мождивњак, кривопаланечко

Започна реконструкцијата на локалниот пат во село Мождивњак, кривопаланечко

Крива Паланка, 15 мај 2024 (МИА) – Започнаа градежните работи за реконструкција и рехабилитација на локалниот пат во кривопаланечкото село Мождивњак, сообраќајница со вкупна должина три километри, од клучката со магистралниот пат А2 до местото Дубје, проект вреден околу 11 милиони денари, финансиски средства од буџетот на Република Северна Македонија преку Министерството за локална самоуправа.

-Денес од оваа локација го означуваме старотот за рехабилитација и реконструкција на патот што не е обновен речиси пет децении. Вложуваме 11 милиони од Буџетот на РС Македонија, преку програмата на Министерство за локална самоуправа за развој на планските региони и жителите за многу кратко време ќе можат да се пофалат со нов асфалтен пат, благодарение на  поддршката од Владата на РС Македонија што ја добивме уште во февруари годинава, преку Биро за регионален развој и Центарот за развој на Североисточен плански регион. Ова е главна сообраќајна врска на стотици жители од Мождивњак, истата со децении не е реновирана и со овој проект како  локална власт јасно покажуваме дека се грижиме за сите  наши граѓани, дека инвестираме и во урбаните и руралните средини, затоа што секој еден жител заслужува подобро и повеќе. Ние тоа го овозможуваме не само со овој проект, туку со постојаните вложувања покрај во патна инфраструктура, и во канализација, спортска инфраструктура, за што само во мојот мандат, за две години во Мождивњак се инвестирани над 20 милиони денари, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Рече дека 2.2 милиони денари се инвестирани за дополнителна линија  канализациона мрежа, со 7 милиони денари преку Агенција за млади и спорт е реконструиран спортскиот терен, а со овој проект се вложуваат 11  милиони денари за полесен пристап на жителите до градот и подобра патна поврзаност.

Најави дека општината работи на проектирање на водоводна линија во селото, за конечно решавање и на проблемот со вода за пиење.

-Не запираме тука, во постојана комуникација сме со жителите, тука сме за секој еден жител, ги слушаме нивните проблеми, нивните потреби се наш приоритет и продолжуваме посветено да работиме на нови проекти кои ќе ги подобрат условите за живот во сите делови од Крива Паланка, порача Митовски. ид/дма/

Фото: Општина Крива Паланка 

 

Остани поврзан