• среда, 17 декември 2025

Градоначалникот на Берово потпиша договори за реализација на три проекти преку Бирото за регионален развој

Градоначалникот на Берово потпиша договори за реализација на три проекти преку Бирото за регионален развој

Берово, 27 ноември 2023 (МИА) - Со поддршка на Бирото за регионален развој Општина Берово ќе реализира три проекти од областа на патната и комуналната инфраструктура. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски по потпишувањето на договорите денеска информираше дека проектите ќе опфатат градежни активности во Берово и населените места Ратево и Будинарци.

- Денеска, ги потпишав договорите со Биро за регионален развој, за три проекти „Реконструкција на ул.„Гоце Делчев", во село Ратево, изградба на тротоари на ул. „Моша Пијаде" и регулација на дел од корито на отворен канал во село Будинарци.
Проектите ќе се реализираат со почетокот на следната градежна сезона и се дел од мерките за специфични развојни потреби, проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој и проекти за развој на села, кои што се спроведуваат преку Бирото за регионален развој, информираше Пекевски.

Вкупната вредност за реализација на трите проекти, како што додаде, е 5,2 милиони денари.

- За проектот ,,Реконструкција на ул.„Гоце Делчев", во село Ратево, доделени се средства во износ ос 1.105.841, 00 денари, за проект  изградба на тротоари на ул. „Моша Пијаде", 1.437.048, 00 денари и за проект регулација на дел од корито на отворен канал во село Будинарци, доделени се средства во износ од 2.725.861 денари, додаде Пекевски, напоменувајќи дека проектите кои се реализираат со поддршка од Бирото за регионален развој, се од големо значење за општината, со цел развој на населените места и создавање одржлив и урбан развој на Берово.

Тој упати благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, кои според него овозможуваат реализација на проекти за подобрување на квалитетот на живот на  жителите на Општина Берово. вс/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан