• петок, 17 мај 2024

Градоначалникот Костадинов се сретна со шведската амбасадорка Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Грамсон

Градоначалникот Костадинов се сретна со шведската амбасадорка Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Грамсон

Струмица, 24 август 2023 (МИА) - Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, денеска остварил средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Р.С. Македонија, Ами Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Биби Грамсон.

На средбата, како што соопштија од општината, Костадинов ги запознал амбасадорката Ларсон Јаин и вицеамбасадорката Грамсон со спецификите на општина Струмица, апострофирајќи ги природните, културно-историските и туристичките белези, како и со стопанските потенцијали со кои располага општината.

- На средбата стана збор и за приоритетните ангажмани кои ги презема  Општина Струмица во рамките на своите надлежности, кои се во функција на развојот на општината  и подобрување на животот на граѓаните, информираат од Општина Струмица.

Градоначалникот, амбасадорката и вице-амбасадорката разговарле и на актуелни теми, како и за можноста за унапредување на понатамошната соработка помеѓу Амбасадата на Шведска и Општина Струмица. цр/са/

Фото:Општина Струмица

Остани поврзан