• сабота, 18 мај 2024

Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци

Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци
Берлин, 11 април 2022 (МИА) – Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци, јави ДПА. Специјален авион на воздухопловните сили Ербас А310 МедЕвак треба да лета од военото воздушно поле Келн-Ван до Жешов во југоисточна Полска и да транспортира деца и возрасни на лекување во Германија. Тоа ќе биде прв лет за евакуација од почетокот на руската инвазија врз Украина. Градот Жешов е на околу 90 километри од украинската граница. Во Германија веќе се лекуваат украински војници, но тие беа транспортирани на друг начин. ми/

Остани поврзан