• понеделник, 07 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: „Дебарца” се реконструира, вложуваме во побезбеден и поквалитетен сообраќај

Герасимовски: „Дебарца” се реконструира, вложуваме во побезбеден и поквалитетен сообраќај

Скопје, 11 април 2025

Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Дебарца”, на потегот од улицата „Ленинова” до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Се реконструира делница во должина од 220 метри, со целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри, како и обновување на тротоарот од едната страна со површина од 1.000 метри квадратни.

- Продолжуваме со реконструкција и санирање на повеќе улици во општината согласно зацртаната програма. Приоритет ни е модерна и квалитетно изведена патна инфраструктура за побезбеден и полесен сообраќај, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Овој дел од улицата е во амортизирана и дотраена состојба, со сериозни оштетувања што го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Со реконструкцијата значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста, а ќе се придонесе и за поквалитетно урбано уредување на просторот.

Средствата за реализација се дел од поддршката што Општина Центар ја доби од претходната Влада, во износ од 40 милиони денари, наменети за реконструкција на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“. Според предвидената динамика, се очекува работите да завршат за два месеци.

 

Општина Центар

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Фото: Општина Центар

Остани поврзан