• четврток, 26 март 2026

Пронајден 76-годишникот што беше пријавен за исчезнат

Пронајден 76-годишникот што беше пријавен за исчезнат

Велес, 25 јули 2025 (МИА) – Од СВР Велес попладнево известија дека попладнево  е пронајден 76-годишниот маж од Свети Николе кој престојувал кај ќерка му во Велес и денеска напладне се оддалечил од домот.

Во СВР Велес, денеска напладне 52-годишната Б.П. од Велес пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко, 76-годишниот  Б.М. од Свети Николе, кој привремено престојувал во нејзиниот дом и кој имал здравствени проблеми. ад/хс/ 

Фото: МИА архива 
 

 

Остани поврзан