• вторник, 05 ноември 2024

Гевгелија доби нов градски парк

Гевгелија доби нов градски парк

Гевгелија, 1 април 2024 (МИА) - Гевгелија доби нов урбан градски парк. Паркот се простира на 6.000 метри квадратни меѓу двете социјални згради, крај булевар „Гевгелија“. Просторот е хортикултурно и партерно уреден, а располага со простор за одмор и рекреација и модерно осветлување.

Како што соопштија од локалната самоуправа, паркот бил предаден во употреба со свечена манифестација под мотото „Да ја зачуваме животната средина“, којашто ја проследиле голем број граѓани.

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, во своето обраќање истакнал дека овој проект е реализиран по барање на граѓаните, чија иницијатива била прифатена во рамки на расправата по буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.

-Идејата на граѓаните стана реалност и Гевгелија за првпат доби модерен парк по примерот на урбаните градови. Нека новиот парк нека им служи на многу генерации, стои во пренесената изјава на гевгелискиот градоначалник.

Во изминатиот период, Општина Гевгелија презеде повеќе акции за зачувување на животната средина-по затворањето на старата градска депонија, на просторот кај Сува Река, извршено е хортикултурно уредување, а во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија е имплементиран проектот за примарна селекција на комуналниот отпад. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан