• недела, 05 мај 2024

Гвардиола ќе им дозволи на фудбалерите на Сити сами да си изберат капитен по заминувањето на Силва

Гвардиола ќе им дозволи на фудбалерите на Сити сами да си изберат капитен по заминувањето на Силва
Манчестер, 26 јули 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека ќе им дозволи на фудбалерите сами да си изберат кој ќе биде капитен на тимот по заминувањето на Давид Силва. Шпанецот ќе замине во пензија на крајот на сезоната. Соиграчите него го избраа за те по заминувањето од клубот на Винсент Компани минатото лето. - Како и секогаш, им дозволувам на играчите сами да изберат. Можеби последниот збор е мој, но обично самите играчи одлучуваат кој ќе ги претставува. Тие се толку паметни што самите знаат што им треба, смета Гвардиола. За улогата на капитен, фаворит е Кевин де Брујн, но меѓу кандидатите се споменуваат и  Фернандињо и Серхио Агуеро. зс/

Остани поврзан