• петок, 05 декември 2025

Гвардиола: Сè уште имаше шанси за титулата

Гвардиола: Сè уште имаше шанси за титулата

 

Манчестер, 24 октомври 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е убеден дека неговиот тим сè уште има шанси да ја освои титулата во Премиер лигата.

Пред неделното гостување против Астон Вила во Бирмингем, составот на Гвардиола е второпласиран на табелата, заостанувајќи три бодови зад лидерот Арсенал.

„Потребно е да минат уште 10-15 кола за да видиме што ќе се случува. Ливерпул и Арсенал се таму, некој друг може да биде таму и се надеваме дека ќе бидеме блиску до врвот“, рече Гвардиола.

Тренерот на Манчестер сити потврди дека играчите кои ја пропуштија победата над Виљареал (2-0) во Лигата на шампиони претходно оваа недела, вклучувајќи го и освојувачот на Златната топка, Родри, остануваат надвор од тимот за неделниот дуел во Бирминхем.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан