• недела, 16 март 2025

Гвардиола: Последните девет натпревари во ПЛ за нас се како финалиња

Гвардиола: Последните девет натпревари во ПЛ за нас се како финалиња

Манчестер, 16 март 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги процени шансите на Манчестер Сити да стигне меѓу четирите најдобри во Премиер лигата.

По 29 натпревари, Манчестер сити се наоѓа на 5. место на табелата.

-Секако, секој од нас го чувствува притисокот. Мора да играме подобро. Секогаш сум сигурен во себе. Се разбира, има моменти кога можеби се сомневам, но во сè наоѓам нешто позитивно и правилен пристап. Знам дека ќе биде тешко од многу причини, бидејќи ни претстојат девет натпревари - девет финалиња, изјави менаџерот на Манчестер сити.

„Граѓаните“ вчера на свој терен одиграа 2:2 со Брајтон и не успеаја да дојдат до трите бода, иако на два пати имаа водство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан