СП2026: Награден фонд од рекордни 655 милиони долари
- Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави попладнево Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Цирих, 17 декември 2025 (МИА) – Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави попладнево Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Секоја репрезентација што ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие и 1,5 милиони долари за трошоци за подготовки, што значи дека ФИФА ќе им исплати вкупно 727 милиони долари на учесниците на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Светскиот шампион ќе инкасира 50 милиони долари, а вицешампионот 33 милиони долари.
Третопласираната репрезентација ќе добие 29 милиони долари, а четвртопласираната 27 милиони долари.
Репрезентациите од петто до осмо место ќе заработат 19 милиони долари, додека од деветто до 16 место ќе добијат 15 милиони долари.
Наградниот фонд за пласман од 17 до 32 место ќе изнесува 11 милиони долари, а за пласман од 33 до 48 место девет милиони долари.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Светското првенство во 2026 година ќе биде пресвртница во однос на финансиските придонеси кон глобалната фудбалска заедница. ег
ФОТО: ЕПА