Демфрис опериран, ќе отсуствува до три месеци
- Десниот бек на Интер, Дензел Демфрис (29), го оперираше левиот глужд и ќе биде надвор од теренот два до три месеци, јавија денеска италијанските медиуми.
Милано, 17 декември 2025 (МИА) – Десниот бек на Интер, Дензел Демфрис (29), го оперираше левиот глужд и ќе биде надвор од теренот два до три месеци, јавија денеска италијанските медиуми.
Холандскиот репрезентативец веќе некое време има проблем со повреда на глуждот и, по консултација со специјалисти, одлучи да се подложи на операција. Демфрис бил опериран во вторникот во лондонската клиника „Фортиус“.
Својот последен натпревар Демфрис го одигра на 9 ноември во италијанското првенство против Лацио.
Според италијанските медиуми, Интер ќе се обиде да ангажира дефанзивец во зимскиот преоден рок кој ќе го покрива десното крило додека Демфрис не се врати на теренот.ег
ФОТО: ЕПА