• сабота, 29 јуни 2024

Гасперини пред дуелот со Интер: Не размислувам за Скудетото, но сакам да се соочиме со најдобриот тим во Серија А

Гасперини пред дуелот со Интер: Не размислувам за Скудетото, но сакам да се соочиме со најдобриот тим во Серија А
Бергамо, 10 јануари 2022 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини зборуваше во пресрет на натпреварот со Интер во Серија А, кој е закажан за 16 јануари. - Тоа ќе биде натпревар на највисоко ниво. На Интер му оди одлично, ама и ние сме во добра форма, и покрај неколку лоши моменти на крајот од минатата година. Ни претстои натпревар во Купот на Италија со Венеција, а потоа ќе се фокусираме на Интер. Не размислувам за Скудетото, но сакам да се соочиме со најдобриот тим во Серија А во моментов, изјави Гасперини. По 20 одиграни натпревари во Серија А, Интер е лидер на табелата со 49 бода, Аталанта е четврта со 41. зс/

Остани поврзан