• недела, 22 декември 2024

Карпин останува на клупата на Русија

Карпин останува на клупата на Русија


Москва, 28 јуни 2024 (МИА) – Рускиот фудбалски сојуз (РФС) го продолжи денеска договорот со селекторот на националниот тим, Валери Карпин.
Како што е соопштено, Карпин ќе остане руски селектор до јули 2028 година.
Карпин (55) е на чело на репрезентацијата на Русија од 23 јули 2021 година.
Под негово водство, Русија го освои второто место во квалификациската група за Светското првенство во 2022 година, но не доби право да учествува во плеј-офот поради војната во Украина. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан