• недела, 22 декември 2024

Гасперини би можел да го замени Спалети во Наполи

Гасперини би можел да го замени Спалети во Наполи
Рим, 26 април 2022 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, би можел да стане шеф на стручниот штаб на Наполи.  Според „La Gazzetta dello Sport“ сопственикот на нeаполитанскиот клуб Аурелио Де Лаурентис е незадоволен од последните резултати на тимот под водство на Лучијано Спалети, па на крајот од сезоната може да дојде до тренерска смена.  Договорот на Спалети со Наполи е на уште две години. Затоа, во случај на отказ, на 63-годишниот италијански стручњак ќе му биде исплатена оштетна сума од 6 милиони евра.   Наполи чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на третото место во италијанскиот шампионат со минимална шанса да ја освои шампионската титула. зс/

Остани поврзан