• четврток, 04 јули 2024

Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа

Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа

Тел Авив, 13 мај 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го информира американскиот државен секретар Ентони Блинкен за воената операција на Тел Авив во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа и преземањето на блискиот граничен пункт со Египет, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Галант.

Во телефонскиот разговор Галант и Блинкен „го разгледаа развојот (на ситуацијата) во Газа и... прецизната операција во областа Рафа против останатите делови на „Хамас“, и како во исто време се осигурува безбедноста на преминот“, се вели во соопштението. рп/

Фото: МО на Израел

Остани поврзан