• петок, 26 јули 2024

Газа: Бројот на убиени Палестинци надмина 29.000

Газа: Бројот на убиени Палестинци надмина 29.000

Газа, 19 февруари 2024 (МИА) - Најмалку 29.092 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство во Појасот Газа.

Повеќе од 69.000 луѓе беа повредени, пренесува Ал Џезира.

Во последните 24 часа во Газа се убиени 107 Палестинци, се наведува во соопштението. ссм/

фото: архива

Остани поврзан