• сабота, 27 јули 2024

Во 2022 година 50 илјади албански граѓани станале државјани на земја на ЕУ, за две децении 694 илјади

Во 2022 година 50 илјади албански граѓани станале државјани на земја на ЕУ, за две децении 694 илјади

Тирана, 1 март 2024 (МИА) - Се зголемува бројот на албанските граѓани  кои добиваат државјанство во земја на ЕУ. Само во 2022 година 50.000 добиле пасош на земја од Европската Унија и според овој показател, тие се на трето место во Европа,  по Мароканците и Сиријците.

- Податоците на европската статистичка агенција, Евростат покажуваат зголемување на бројот на доделени државјанства по надолниот тренд во 2018 година. Земја која доделена најмногу државјанства на Албанците е Италија со 75,8 отсто, потоа Грција со 19,2 отсто и Шведска и Белгија со 1,2 отсто и 0,9 отсто, пренесуваат медиумите.

Додаваат дека во последните 20 години пасош на земја од Европската Унија добиле околу 604 илјади албански граѓани. вт/ссм/

фото: архива
 

 

Тагови

Остани поврзан