• недела, 14 јули 2024

Во Штип форум на теми за работниците, социјалната политика и вработувањето

Во Штип форум на теми за работниците, социјалната политика и вработувањето

Штип, 13 јуни 2024 (МИА) - Евротинк – Центар за европски стратегии во наредните два дена во Штип за новинарите и граѓанските организации одржува тематски форум „Слободно движење на работници (Поглавје 2) и Социјална политика и вработување (Поглавје 19);  Јавност, улогата на цивилниот сектор и медиумите, Синдикати“.

Виолета Глигороска од Евротинк – Центар за европски стратегии вели дека оваа серија на тематски форуми се организира во сите осум плански региони врзани за работата не медиумите и за Евроинтегративните процеси на Р.С.Македонија, со посебен осврт на преговарачките поглавја, посебно за општествените теми кои се приоритетни за секој соодветен плански регион и за тоа како тие теми се презентираат на пошироката публика.

Посочи дека Брегалничкиот регион е карактеристичен и е поврзан со работничките права, имајќи во предвид дека во овој регион се поголемиот дел од текстилните конфекции. Таа рече дека дополнително, во рамките на проектот е предвидена грантова шема за НВО кои со пратнер-медиум би можеле да станат дел од овој проект. За таа цел овие тематски форуми се организираат не само да се дебатира на соодветното преговарачко поглавје важно за соодветниот регион и информирањето за него, туку и да се видат можностите за поголема вклученост на чинителите од цивилната сфера (новинари, медиуми, НВО активисти) во проектот.

Форумот продолжува утре, а ќе се разговара за колку има јавно достапни, медиумски содржини и едукативни материјали за целната публика за Поглавје број 2 и 19; за трудовото право; за социјална политика, вработување; за работничките права и синдикални здружувања? Како „тешките“ теми за Поглавје број 2 и 19; да станат „лесни“; подостапни и разбирливи за работниците и за публиката од малите средини во внатрешноста. вдј/

Фото: МИА 

Остани поврзан