• недела, 12 мај 2024

Во Штип почнаа „Пролетните денови на училишен спорт“

Во Штип почнаа „Пролетните денови на училишен спорт“

Штип, 27 март 2024 (МИА) - Во спортската сала на Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“- Штип денеска започнаа „Пролетните денови на училишен спорт“. Во рамки на овие денови учествуваат ученици, кои се организирни во екипи, а од секое средно училиште може да учествуваат по две екипи, односно машка и женска.

Претседателот на Сојузот на училишен спорт, Зоран Арсов, вели дека оваа година екипите ќе се натпреваруваат во два спорта, момчињата ќе се натпреваруваат во футсал, а девојчињата во одбојка.

- Се надеваме дека наредната година ќе ги прошириме спортските групи и ќе ги вклучиме и основните училишта, вели Арсов.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева, вели спортот воспитува и дисциплинира. Таа упати апел младите да се приклучуваат кон спортските клубови, да спортуваат, и на тој начин да се оформат како вистински личности.

- Ако се обидам во овој момент да го дефинирам спортот јас не можам да смислам подобра мисла од онаа народната „Во здраво тело, здрав дух“. И навистина е така, спортот воспитува, спортот дисциплинира, спортот ги поттикнува позитивните навики кај младите ученици и еве ние со овој настан ги повикуваме децата да бидат дел од спортските клубови, вели Шалева.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, посочи дека општината постојано вложува во спортот и спортската инфраструктура.

- Она кое е значајно за нас како Општина е да го мотивираат и го поттикнат спортот и да го омасовиме спортот во нашата општина. Сакаме да го трасираме патот на младите во еден правилен правец, во градење на едни вистински личности, а спортот е вистински начин за да младите се изградат како личности кои ќе го градат нашето општество, вели Јорданов.

 „Пролетни денови на училишниот спорт“ се реализираат за првпат во Општина Штип, а тенденденција е да прерасне во традиција во која ќе се вклучат и учениците од основните училишта.вдј/ар/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан