• понеделник, 04 ноември 2024

Во Штип отворен првиот сообраќен парк за децата од градинките

Во Штип отворен првиот сообраќен парк за децата од градинките

Штип, 9 октомври 2024 (МИА) – Отворен е новиот сообраќаен парк од едукативен и забавен карактер во детската градинка „Астибо“ клон „Цветови“ во Штип. Градоначалникот на Општина  Штип, Иван Јорданов денеска истакна дека ваквиот проект е единствен во државата, што ќе служи за сите дечињата од градинките.

- Навистина ме радува секоја нова содржина во нашиот град. Морам да истакнам дека кога ја добив идејата од страна на директорот за реализација на овој проект, кој што е прв во нашата држава, ваков сообраќаен парк, со едукативен и забавен карактер, пред се за дечињата од предучилишната возраст ме израдува фактот дека ќе бидеме први во Македонија, кои што како општина ќе добиеме ваква содржина и веднаш влеговме во реализација и финансирање на овој проект, изјави Јорданов.

Директорот на градинката „Астибо“ Илија Митров истакна дека сообраќајниот парк ќе го користат сите дечиња од Штип, а  посебно е горд што се први во државата.

- Пресреќни сме што денес сме овде да го отвориме овој преубав сообраќаен парк што е од едукативен, но и забавен карактер за децата. Тие ќе можат да уживаат во сите овие содржини кои што денес можете да ги видите. Би сакал да се заблагодарам прво на Општина Штип, кои што веднаш се обратија по презентирањето на нашиот проект и го подржаа со финансиски средства. Да се заблагодарам на ЈП„Стипион“ и ЈП„Исар“, кои што помогнаа целото нешто да изгледа вака убаво, изјави  Митров.

Децата освен што ќе се забавуваат во него, тие ќе се стекнат и со основните правила во сообраќајот, а општината за истиот од својот буџет издвои 600.000 денари. вдј/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан