Буџетот на општина Дебар за следната година 525 милиони денари, планираниот дефицит 34,8 милиони
- Советот на Општина Дебар на денешната седница со која раководеше претседателот Фуат Спахиу, го усвои Предлог-буџетот на општината за 2025 година. Буџетот е проектиран на 525 426 376 денари што е за 114,7 милиони потежок споредно со проектираниот буџет за оваа година, но е со планиран дефицит од 34,8 милиони денари.
Дебар, 30 декември 2024 (МИА) - Советот на Општина Дебар на денешната седница со која раководеше претседателот Фуат Спахиу, го усвои Предлог-буџетот на општината за 2025 година. Буџетот е проектиран на 525 426 376 денари што е за 114,7 милиони потежок споредно со проектираниот буџет за оваа година, но е со планиран дефицит од 34,8 милиони денари.
-Во делот на приходите максималниот износ е превиден кај дотациите кои се проектирани на 302,4 милиони, даночни приходи и трансфери со по над 78 милиони, капитални приходи 7,1 и приходи од донации 6,7 милиони денари. Со буџетот капиталните инвестиции се планирани на над 78 милиони, образложи меѓу другото Мустафа Машкули, од секторот за финансии.
Градоначалникот Хекуран Дука, пред советници најави дека во 2025 година ќе продолжат со капитални инвестиции, за што освен веќе добиените проекти, подготвени сè уште најмалку десеттина, со кои ќе се обратат до домашни и странски институции за нивна реализација, дел од нив и со кофинансирање од страна на локалната самоуправа.
-Годинава која веќе завршува, беше успешна година во реализација на проекти од инфраструктурата, енергетската ефикасност во образовните институции, а така, дури и со поголема ангажираност продолжуваме и следната година. Планираме реализација на проекти од областа на инфраструктурата, пред сè патната, како во градот, така и во населените места а во најголемото населено место, селото Могорче, изградба на водовод. Наш приоритет и понатаму е да создадеме соодветни услови за сите граѓани, рече Дука.
На седницата, членовите на советот ја усвоија и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на
државните службеници за идната година во општина Дебар, а разгледаа и други прашања од нивна надлежност. вт/мч/
Фото: МИА