МВР Билтен (ДПЛ)
- 30 декември 2024
Скопје, 30 декември 2024 (МИА) - Вчера во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(26) од Скопје. Тој бил баран поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела од областа на имотните деликти, а при негово приведување физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да го нападне со остар предмет, но бил спречен од другите полициски службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.М.(31) и В.Т.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, 49 - годишна жена од Скопје пријавила дека околу 08.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К.(39) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера во 20:45 часот, Ж.Д.(29) од с.Петровец, скопско, пријавил дека пред казино на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Х.Ј.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 01.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Драчево, Б.С.(24) од Скопје бил физички нападнат од А.И., а М.Н.(23) од Скопје бил физички нападнат од Т.Ѓ. и К.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и две кривични дела „овозможување на употреба наркотични дроги“. Во октомври и декември 2024 година биле извршени претреси во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, две дигитални ваги и дробилка. Исто така, на 25.12.2024 во неговиот дом биле затекнати две лица на кои им овозможил да користат марихуана и амфетамин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Х.(19) и Г.Д.(18), двајцата од с.Жеровјане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.09.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на возилото во кое се превезувале пријавените со уште две лица, при што исфрлиле ќеса со марихуана, која била пронајдена и одземена.
СВР Битола - ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(46) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2023 во с.Бешиште, прилепско, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и стебла од растението канабис.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А (51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.07.2024, пријавениот упатувал закани со огнено оружје кон едно лице, а при претрес во неговиот дом и други простории, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Црвена застава“, калибар 7,62, две рамки за огнено оружје и 46 куршуми калибар 7,62 мм и пиштол кубура (колекционерско оружје). аа/
Фото: МИА архива