• вторник, 15 октомври 2024

Во штипските училишта предавања на тема булинг

Во штипските училишта предавања на тема булинг

Штип, 15 октомври 2024 (МИА) - Во штипските основни училишта почнаа серија на  предавање на тема булинг информираше денеска за МИА, Снежана Санева раководител на Сектарот за Локален економски развој (ЛЕР) и образование, Снежана Санева. Таа посочува дека овие предавања се реализираат во соработка со Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип, а опфатени се учениците од седмо одделение. Под мотото “Биди другар, а не насилник“ ова предавање е предвидено да се реализира во сите пет основни и подрачни училишта во Штип.

-Ова е тема која е предвидена и согласно Програмата за еднакви можности на мажите и жените во Општина Штип за 2024 година. Мотото е „Биди другар, а не насилник“. Наменета е за ученицте од седмите одделенија и досега беа спроведени предавања во две основни училишта. Консултациите покажаа дека возраста од седмо одделение е соодветна на која може овие ученици да слушнат вакви предавања, рече Санева.

Таа додава дека во Општина Штип во учебната 2024 – 2025 година нема пријавено случај на булинг во основните училишта.  

-Досега во општината нема пријавено случај на булинг во учебната 2024 година. Можеби има некои мали форми и претпоставувам дека е можно тоа, но не во толкав размер. Никаква форма на булинг не е дозволена и не треба да се толерира, изјави Санева. вдј/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан