• понеделник, 23 декември 2024

Фатен бегалец од затвор осуден на затворска казна од 13 години

Фатен бегалец од затвор осуден на затворска казна од 13 години

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од  Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од ПС Драчево, денеска во 18:30 часот на ул. „Иван Хаџиниколов" во Скопје го лишиле од слобода Д.Ј. (43) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој бил баран со потерница поради бегство од затвор, а осуден на казна затвор во траење од 13 години и еден месец поради сторени кривични дела по чл.237, чл.215  и чл.236 од Кривичниот законик.   Д.Ј. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан