Сообраќајот на Плетвар се одвива по една лента поради опожарено возило
- Авто - Мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на превој Плетвар кај местото викано Ленишки мост се одвива по една коловозна лента со пропуштање.

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Авто - Мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на превој Плетвар кај местото викано Ленишки мост се одвива по една коловозна лента со пропуштање.
Како што информираат оттаму, наизменичниот сообраќај е поради опожарено патничко моторно возило на коловозот. ар/дма/
Фото: МИА архива