• четврток, 16 мај 2024

Во Тунис мигрантите кои пристигнале без документи добиле околу една милијарда долари од своите земји

Во Тунис мигрантите кои пристигнале без документи добиле околу една милијарда долари од своите земји

Тунис, 15 јули 2023 (МИА) - Мигрантите од Африка кои пристигнале во Тунис без документи годинава добиле околу една милијарда долари од нивните земји, изјави претставник на Националниот совет за безбедност.

Претседателот на Тунис, Каис Саид, кој е и претседател на тој Совет, рече дека „бројката е шокантна“ и посочи дека неговата земја е „мета“, осудувајќи ја, како што рече, недокументираната имиграција на субсахарска Африка во неговата земја.

Тој оцени дека нејзината цел е „промена на демографскиот состав на Тунис“.

Износот пари што пристигнува за мигрантите без документи е поголем од приходот на главната дејност, туристичката индустрија во Тунис во првата половина од годината.

Илјадници мигранти без документи пристигнаа во крајбрежниот град Сфакс во последните месеци со цел да продолжат кон Европа со чамци управувани од трговци со луѓе, што доведе до најголемата миграциска криза во Тунис.

Под притисок на меѓународните и локалните групи за човекови права, кои ги обвинија властите дека ги загрозуваат животите на мигрантите, владата ги пресели мигрантите во колективни центри во два туниски града. паг/

Фото: МИА архива


 
 

 

Остани поврзан