• понеделник, 20 мај 2024

Во тек пријавувањето за планинарскиот марш ,,Огражден 2023“

Во тек пријавувањето за планинарскиот марш ,,Огражден 2023“

Берово, 21 септември 2023 (МИА) - Во Берово во тек е пријавувањето за петтиот планинарски марш „Огражден 2023", што во организиција на Планинарски спортски клуб „Сосна" од Берово, ќе се одржи на 24 септември 2023 (недела).

- На планинарската тура се очекуваат да земат учество над 100 планинари од повеќе градови во Македонија. Почетокот на маршот е од туристичкиот комплекс Бела вода, а завршувањето на турата ќе биде на превојот Преведена.На крајот во село Двориште ќе биде послужен ручек обезбеден од организаторот, информираа од ПСК „Сосна" Берово.

Пријавувањето за учество на маршот како што додадоа најдодна до петок, 22.09.2023 година.

- Патеката е долга 13 километри со елевација од 800 метри. Вода за пиење е обезбедено  на почетокот и на крајот на патеката.
Пријавување до петок 22 септември 2023 на телефон 070/220-597, додадоа од ПСК „Сосна" од Берово.

Оттаму ги повикаа заинтересираните да го пријават своето учество и во недела да уживаат во убавините низ пределите на планината Огражден. вс/цр

Фото:  ПСК „Сосна" Берово.

 

Остани поврзан