• петок, 28 јуни 2024

Во Србија шест деца се затруле со хлор во воден парк

Во Србија шест деца се затруле со хлор во воден парк

Белград, 28 јуни 2024 (МИА) – Во детската болница во Нови Сад вчера се примени шест деца, од кои пет се задржани на лекување со полесна клиничка слика.

Се претпоставува дека децата се затруле со хлор во воден парк.

Полицијата во Нови Сад потврди дека пристигнала пријава за труење со хлор, но не наведе повеќе детали. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан