• петок, 22 ноември 2024

Во Собранието закажани седници на три комисии

Во Собранието закажани седници на три комисии

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог- законот за помилување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.
 
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје  и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во второ читање. 

Законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија. мд/аа/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан