• петок, 21 јуни 2024

Во Скопје утрово пороен дожд и грмежи

Во Скопје утрово пороен дожд и грмежи

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Во раните утрински часови територијата на Скопската котлина беше зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица. Поинтензивни врнежи имаше во подножјето на Скопска Црна Гора, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК наведуваат дека и Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и град, а во моментот нестабилна воздушна маса се движи кон градовите Берово и Пехчево. Се очекува дека Берово и Пехчево ќе бидат зафатени со нестабилна облачна маса проследена со силен пороен дожд, грмежи и град. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан