• сабота, 21 декември 2024

Одадена почит на 1300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна кај Костолац, Србија

Одадена почит на 1300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна кај Костолац, Србија

Белград, 20 октомври 2024 (МИА) - Во организација на здружението Кочо Рацин од Белград, Mакедонците во Србија, во Костолачка коса меѓу Костолац и Пожаревац им одадоа почит на 1295 загинати Mакедонци од Вардарскиот батаљон во Првата светска војна. Тие побараа на постоечкиот споменик во црквaта Св.Ѓорѓи да се постави нов на којшто на македонски јазик, наместо „Вардарци“ ќе пишува дека се „Македонци“, јави дописникот на МИА од Белград.

- Бараме споменик за паднатите Македонци, во село Петка каде има споменик, но не и за Македонците. Имаме идејно решение за споменик на кое на македонски и на срспки јазик е напишано дека се Македонци. Минатата година поднесовме барање до претседателот Александар Вучиќ, до Ана Брнабиќ, до Министерството за култура на Србија и добивме одговор од Министерството за труд и боречки прашања-Сектор за боречка заштита дека со задоволство ја подржуваат иницијативата со која се негуваат сеќавањата за жртвите од Првата светска војна. Но и дека немаат планирано средства за таа година, со надеж за следната година нашата иницијатива да се реализира, изјави Лидија Демниева, претседател на Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград.

Таа додаде дека и оваа година се уште не можат да го реализираат барањето кое го поднеле лани и дека немаат никаков одговор од надлежните институции.

За време на Првата светска војна, Кралството Србија изврши мобилизација на Македонците во тогашна Јужна Србија, од кои е формиран Вардарскиот батаљон, со вкупно 1300 Македонци. Од нив во борбите со Австро-унгарската и Германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинат е речиси целиот батаљон или вкупно 1295 војници, од кои 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинаа на Костолачка Коса, 60 македонски војници се загинати при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници Од Вардарскиот батаљон Првата светска војна ја преживеале само петмина македонски војници.

- На ова место зедно се бореа Македонци и Србите во 1915 година против астроугарските напади и тука тие успеаа да се одбранат и да ја одбијат австроугарската војска. Од нивниот вкупен број само петмина Македонци успеале да стигнат до крајот со српската војска до Крф, истакна докторот по историски науки, Гордан Бојковиќ од Пожаревац.

На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за овие храбри Македонци, приствуваа Македонци од Србија, делегација од општина Костолац, преставници на партијата Левица и Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес. об/ев/

ФОТО: МИА

 

Остани поврзан