• недела, 19 мај 2024

Во свлечиште во Еквадор загинаа најмалку 24 лица, а 12 се водат како исчезнати

Во свлечиште во Еквадор загинаа најмалку 24 лица, а 12 се водат како исчезнати
Кито, 2 февруари 2022 (МИА) - Најмалку 24 лица загинаа при лизгање на земјиште во еквадорската престолнина Кито, а 12 се водат како исчезнати, изјави градоначалникот Сантијаго Гуардерас, додека спасувачките тимови пребаруваа куќи и улици покриени со кал по најголемите поплави во речиси две децении. Поројниот дожд од понеделникот вечерта предизвика поплави во кањонот во близина на работничките населби Ла Гаска и Ла Комуна. Кал и камења паднале врз куќите и предизвикале прекин на електричната енергија.

Агенцијата за вонредни состојби соопшти дека се повредени 48 лица.

Властите се уште не ја отфрлија можноста за нови свлечишта. Канцеларијата на градоначалникот организираше засолништа за погодените семејства и почна да ги расчистува улиците. Во понеделникот во Кито наврнаа 75 литри дожд на метар квадратен, најмногу во последните речиси две децении. паг/    

Остани поврзан