• четврток, 16 мај 2024

Во Русија успешно лансирана „Сојуз“ ракета со 38 сателити

Во Русија успешно лансирана „Сојуз“ ракета со 38 сателити
Нур-Султан, 22 март 2021 (МИА) - Во Руската Федерација, денеска успешно се лансираше ракета „Сојуз 2.1а“ заедно со 38 сателити од други држави, објави руската вселенска агенција „Роскосмос“. https://www.youtube.com/watch?v=hMafSbcoxaM Полетувањето се случи утрово на космодромот Бајконур во Казахстан. Целта на мисијата е во Земјината орбита да се постават 38 сателити од 18 други земји, меѓу кои и од Јужна Кореја, Јапонија, Канада, Саудиска Арабија, Германија, Италија и Бразил. Меѓу нив е и „Челинџ-1“ - првиот сателит направен целосно во Тунис. Полетувањето првично беше предвидено за во саботата. Но, беше одложено поради технички проблеми - прво за вчера, па за денеска.  си/сд/

Остани поврзан