• среда, 15 мај 2024

Во Русија приведени членови и лидерот на забранета религиозна организација

Во Русија приведени членови и лидерот на забранета религиозна организација

Москва, 27 март 2024 (МИА) – Руската Федерална служба за безбедност (ФСС) во градот Ростов на Дон приведе пет членови и лидерот на религиозната група од Казахстан, „Алија Ајат“, во Русија забранета како „екстремистичка“.

Руските власти се во состојба на готовност по минатонеделниот масакр во концертна сала во близина на Москва, при што загинаа најмалку 139 луѓе, а одговорност за нападот ја презеде Исламска држава.

- Криминалната активност на екстремистичката структура беше координирана од странство, а од таму беа пренасочени и финансиските текови. Идентификуван е водачот на ќелијата и пет активни членови кои спроведуваа агресивна политика за регрутирање меѓу локалните жители, изјави неименуван извор од „Алија Ајат“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан