• вторник, 23 јули 2024

Франција ќе прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија, соопшти Елисејската палата

Франција ќе прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија, соопшти Елисејската палата

Париз, 15 мај 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ќе побара денеска на седница на Владата да биде прогласена вонредна состојба во Нова Каледонија, каде што три лица загинаа во вториот ден од немирите, откако францускиот Парламент ги одобри измените на правилата за гласање во архипелагот на Пацификот, јавија светските агенции, повикувајќи се на кабинетот на претседателот.

Последен пат Франција презеде слични мерки во странство во јануари 1985 година, во екот на насилниот конфликт меѓу француските власти и движењето за независност во 80-тите години.

Во меѓувреме, францускиот премиер Габриел Атал во денешниот говор пред Парламентот во Париз рече дека за неколку часа во Нова Каледонија ќе пристигнат дополнителни полициски сили. Атал повтори дека Владата има намера да разговара со претставниците на различните заедници во Нова Каледонија пред конечно да се прифати уставната реформа, која предвидува промени изборниот закон на француската територија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан