• недела, 19 мај 2024

Во Росоман отворен Клуб на пензионери 

Во Росоман отворен Клуб на пензионери 

Росоман, 2 октомври 2023 (МИА) - Клуб на пензионери е отворен денеска во Росоман. Освен за дружење и рекреација, Клубот, како што рече претседателот на Здружението на пензионери Кавадарци, Бранко Шемов, ќе биде и место за одржување состаноци.

- Овде ќе се дружат и рекреираат пензионерите од Росоман и од другите населени места, но ќе се одржуваат и состаноци и сите предлози ќе се даваат до Здружението во Кавадарци. Ние и понатаму ќе им даваме поддршка на пензионерите, истакна Шемов. 

Задоволство од отварањето на Клубот изразија и росоманските пензионери, како и градоначалникот на Росоман, Стојан Николов кој нагласи дека Општината и натаму останува партнер на пензионерите. 

Росоман има околу 500 пензионери. свд/мч/

фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан