• недела, 21 јули 2024

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Аудиција“

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Аудиција“

Прилеп, 28 март 2023 (МИА) - Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ почнаа подготовките на новата претстава „Аудиција“ од Александар Галин, во режија на Владимир Милчин. Станува збор за современа, денешна „горчлива комедија“.

Режисерот Милчин објаснува дека претставата говори за нашата ситуација.

-Луѓето накој било начин се обидуваат да избегаат  од земјата за на некој начинда најдат подобри можности за опстанок. Тоа е некоја очајна ситуација во која човек тешко може да го брани достоинството и мора да прифати неприфатливи работи. Затоа велам дека е горчлива комедија. Мислам дека е многу актуелна за нас. Претставата ќе биде добра само актерите од срце го играат текстот, односно играјќи ги ликовите ни укажуваат дека  некој нѐ продал, дека сме ние само стока. И тоа е страшно ако се има предвид дека младите генерации се жртви на тоа. Галин сум го работел со студенти на ФДУ, кога како студент играше  прилепскиот актер Владимир Ѓоргијоски, кој денес не е тука. Изгледа тоа што го одигра таму му се случи во животот, вели Милчин.

Во претставата ќе играат Јасмина Мицовска Станкоска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Марија С. Илијески, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Илија Волчески,  Михајло Миленкоски, Сара Спиркоски.

Изборот на музиката ќе биде на режисерот, за сценографијата е задолжен  Крсте Џидров, а за костимите Марија Пупучевска.

Претставата „Аудиција“ е прва од трите прифатени од Министерството за култура за оваа година.ем/бт/
 
фото/ Прилепски театар

Остани поврзан